×

Добредојдовте во Хотел Кратис

Хотел „Кратис“ Кратово – е нов угостителски објект во туристичката мапа на Република Македонија. Се наоѓа во центарот на градот Кратово прочуен како град на кулите и мостовите.

Кратово претставува идеално место излез од секојдневието и уживање во опуштена атмосвера како и за запознавање на типичната староградска македонска архитектура преку организирани прошетки и посета на локалните знаменитости со културно историско значење.

Хотел Кратис претставува спој на традиционалното со модерното, спој на руралното со урбаното, спој на квалитетот со професионализмот!

Повелете, посетете не!

Резервирајте го Вашето место

Соби и апартмани

Хотелот располага со капацитет од 23 соби кои се компактно уредени што ќе ви овозможи целосна функционалност и удобност.

Покрај 23-те соби хотелот располага и со 2 апартмани опремени во модерен, лежерен стил со исклучително ниво на комфор. Современиот мебел и топлите бои го исполнуваат секој дел со релаксирачка атмосвера, овозможувајќи ви целосно уживање.

СОБИ И АПАРТМАНИ

Ресторан и бар

Свежиот планински воздух може да се почувствува на летната тераса со поглед пред кој се простираат кули, мостови и историските борови стари 7 века, кои се воедно и најстарите во Македонија.

Барот е сместен во фоајето на хотелот и представува вистинско место за дружење во пријатна и опуштена атмосвера. Барот располага со голем избор на национални и интернационални пијалоци..

РЕСТОРАН И БАР