enmk

Кафеана Гурман

Градската кафеана, Гурман е лоцирана во познатата Ајдучка Чаршија во Кратово, со својата позиција, ентериер, амбиент и традиција, во целост ги пресликува во најпозитивна смисла, познатите кратовски кафеани од минатиот век, како ДДцова кафеана, Тасева кафеана, кафеана Балкан и Мангова кафеана. Живописното Кратово во минатото бил познат град по богатите рудници, ковачници за пари и трговија, но истовремено важел за град со богата традиција на градски кафеани, Кратовски серенади и преубава национална кујна.

Многубројните фотографии на ѕидовите на Гурман ке ве однесат во поблиското и подалечното минато на градот, низ нив ке го почуствувавте духот на Кратовчани низ илјадагодишната историја на овој антички град. Надалеку познатите кратовски боеми во тогашните кафеани со неодминливите тамбури и црвено вино уживале во домашните специјалитети каректеристични за овој крај.

Кафеаната Гурман ви ги нуди истите кратовски специјалитети, подготвени на домашен начин од зеленчук, месо и зарзават од локално потекло. Заради чистотата и еколошката средина во која се наоѓа Кратовскиот регион, подготвените супи, готвени јадења, скара, печени пилиња, како и зелникот и пастрамајлијата, со гордост можеме да ви ги понудиме како здрава и еколошка храна.

Галерија